Зголемен буџетот на Агенцијата за туризам, кој беше 1 милион евра, а сега е околу 2,5 милиони евра. Средства ќе бидат инвестирани за промоција на Македонија на околу 18 саеми. Според премиерот Никола Груевски се зголемија и средствата од 800.000 евра на 1 милион евра за субвенционирање на туроператори кои испраќаат туристи во Македонија, а со тоа расте и нашиот туристички потенцијал, расте бројот на туристи, растат приливот на девизи во земјата и се отвораат работни места. Постојано се трудиме да најдеме начин и средства кои ќе му помогнат на туризмот во Македонија. Со драстично зголемување на буџетот на Агенцијата за туризам како промоција, настапи на саеми, промотивни материјали, како и зголемувањето на средства за субвенционирање на туроператорите се новини кои се однеодамна донесени и кои ќе имаат директно влијание уште во 2013 година, а уште повеќе во 2014 година кога ќе се видат ефектите од овие инвестиции.
Зголемен буџетот на Агенцијата за туризам, кој беше 1 милион евра, а сега е околу 2,5 милиони евра. Средства ќе бидат инвестирани за промоција на Македонија на околу 18 саеми.
Според премиерот Никола Груевски се зголемија и средствата од 800.000 евра на 1 милион евра за субвенционирање на туроператори кои испраќаат туристи во Македонија, а со тоа расте и нашиот туристички потенцијал, расте бројот на туристи, растат приливот на девизи во земјата и се отвораат работни места.
- Постојано се трудиме да најдеме начин и средства кои ќе му помогнат на туризмот во Македонија. Со драстично зголемување на буџетот на Агенцијата за туризам како промоција, настапи на саеми, промотивни материјали, како и зголемувањето на средства за субвенционирање на туроператорите се новини кои се однеодамна донесени и кои ќе имаат директно влијание уште во 2013 година, а уште повеќе во 2014 година кога ќе се видат ефектите од овие инвестиции-смета Груевски.